14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Се зголемува бројот на заразени со корона вирусот: Во Германија предлагаат повторно да носат маски

Жителите на Германија мислеа дека заштитните маски што ги носеа повеќе од две години се минато, но се чини дека не беа во право.

Членот на Зелените, Јанош Дамен, повторно предлага носење заштитни маски.

– Бројот на заразени со коронавирус повторно се зголемува и носењето маски повторно има смисла, особено во постудените месеци – рече Дахмен.

Претседателот на Германското лекарско друштво вели дека има смисла да се носат маски и да се вакцинираат.

– За да се заштитите од акутни респираторни заболувања, можеби ќе има смисла оваа есен да носите заштитна маска во старечки установи, клиники и други делови од здравствениот систем – објаснува Дахмен.

Според него, германскиот здравствен систем би можел повторно да биде оптоварен во претстојната сезона есен-зима.

Дахмен е загрижен бидејќи е зголемен бројот на заболени од грип и коронавирус. Здравствен експерт ги советува старите лица дополнително да се вакцинираат.

Институтот Роберт Кох бележи зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

Важно е да се напомене дека Германија е една од последните земји во Европа што ги укина „мерките за корона“.

Долго време жителите мораа да носат заштитни маски во јавниот превоз, како и во јавните институции како што се болниците, училиштата и градските институции.

Спонзорирано: