Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Следува најголемото зголемување на минималната плата. Вучиќ: Дали некогаш сме имале повисоки плати и пензии?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека од денеска платите на образовните и медицинските работници се зголемени за 5,5 отсто.

Тој додаде дека е убеден оти минималната плата во 2024 година ќе изнесува повеќе од 400 евра.

„Од денеска платите на воспитувачите и медицинските сестри се повисоки за 5,5 отсто од тоа што беа. Ова е само дел од зголемувањето. Од 1 октомври прво покачување на пензиите за 5,5 отсто, а потоа од јануари уште 14, 6 отсто. “ изјави Вучиќ.

На ова следи најголемото зголемување на минималната плата досега, а верувам дека кај нас минималната плата ќе биде повеќе од 400 евра, рече Вучиќ.

„Знам дека покачувањето сè уште не е доволно и дека луѓето не живеат лесно, но многу труд е вложен во овој напредок. И ве прашувам дали некогаш сме имале повисоки плати и пензии. Не значи дека тие се доволни, но ве молам дозволете ни да работиме во иднина сè понапорно за да обезбедиме подобра иднина за нашите деца“, рече Вучиќ.