16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Паднал матура бидејќи есејот го напишал со големи букви: „Има грд ракопис и затоа пишуал така“

Матурантот на Градежното техничко училиште во Загреб, Рикард Фригановиќ, нема да се запише на Архитектонскиот факултет бидејќи есејот го напишал со големи букви, а комисијата смета дека тоа е недоволно за да ја помине матурата, пишува Јутарњи лист.

Рикард на приемниот испит за студирање архитектура бил четврт на листата од петстотини пријавени. Неговиот татко вели дека е свесен дека неговиот син згрешил, но смета дека мерката е преригорозна.

„Има грд ракопис и тоа му го кажуваа професорите во текот на целото школување. Ни кажа дека се плашел да не биде читлив, што е и еден од прописите за пишување на матурата. Пред да почне да пишува решил дека е попаметно да пишуваш со големи букви. И ние се налутивме што направил и не викам дека не згрешил, туку правилно ги нагласи големите букви, има интерпункции, а Глембејовите што беа тема се токму онаа драма што му одговараше. Ужасно ми е жал што шампион и момче кое секогаш е одлично или барем многу добро сега испаѓа како повторувач на годината“, рекол таткото и додава дека можеле да одземат 10, 20, 30 проценти од неговите резултати, а не, како што вели, да ги скршиш соништата на еден талентиран млад човек.

Тој вели дека се пожалиле, но кусо им било кажано дека младиот човек не ги почитувал правилата.

„Тој не го направи тоа за да измами. Проблемот е последица/казна која е драконска и целосно непропорционална со гревот. Де факто беше осуден на загуба една година. Загуба една година во образовниот систем е највисоката можна казна која се применува во најтешките случаи, а ја добил преку ноќ бидејќи користел погрешен фонт. Есејот во суштина е граматички и лексички точен. Системот го исплука син ми и му даде хистерична казна како пијан да го уништил половина училиште“, раскажува разочараниот татко.