16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полска станува логистички центар на источното крило на НАТО, се складира воена опрема

Илјадници парчиња воена опрема ќе бидат сместени во магацините со оружје на НАТО што се формираат во Полска, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки пред да полета за СAД. Според него, во земјата се формира логистичка позадина на источното крило на НАТО.

„Неколку илјади парчиња воена опрема на НАТО ќе бидат складирани во Повиц и некои други места во Полска. Тоа се тенкови, борбени возила на пешадија и разни оружја кои, доколку е потребно, ќе можат брзо да го активираат источното крило на НАТО“, објасни Моравјецки.

Минатата недела полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак најави пуштање во употреба на базата за логистичка поддршка на американските војници.

Моравјецки од денеска до 13 април ќе престојува во САД. Предвидени се разговори во Белата куќа, средби со претставници на водечки компании од американскиот одбранбен сектор и учество на дебати во седиштето на Меѓународниот монетарен фонд. Главни теми на посетата ќе бидат полско-американската економска соработка и полските безбедносни прашања.

Ќе бидат разгледани и прашањата за соработка во енергетскиот сектор.