25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брутално ја претепал поранешната партнерка, па ја истепал и нејзината пријателка затоа што ја бранела

Полицијата во Ниш по наредба на Основното јавно обвинителство Ниш го привела М. Н. (40) поради нанесување тешка телесна повреда.

Се сомнева дека М. Н., по кратка дискусија, на својата поранешна триесет и седумгодишна партнерка ѝ задал неколку удари во главата и телото во станот на нејзината пријателка.

37-годишна жена добила тешки повреди, како и нејзината 40-годишна пријателка, која е повредена додека се обидувала да ги раздвои осомничениот и повредената жена.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред основниот јавен обвинител во Ниш.