24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Очув во Германија на Велигден ja убил 7-годишната поќерка

Вчера, во германскиот град Улм, 40-годишен маж со нож ја убил 7-годишната ќерка на својата партнерка. Тамошната полиција соопшти дека самиот маж се јавил во полиција во понеделникот на Велигден и рекол дека го убил девојчето во теренот на училишниот центар во областа Виблинген.

Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството и таму затекнала 40-годишен маж.

Полицајците го привеле мажот во полициска станица, а вештаците во вечерните часови го затвориле местото на злосторството.

Германските медиуми пишуваат дека сè уште е нејасна заднината на злосторството, а полицијата сè уште истражува. Според полицијата, според моментната состојба на истрагата, се работи за „чин внатре во семејството“ и немало никаква опасност за околното население.

Најпрвин медиумите објавија дека убиецот е таткото на девојчето, но портпаролот на полицијата утринава за германски РТЛ изјави дека тој ѝ е партнер на мајка ѝ.