25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 400 милиони луѓе се погодени од песочна бура во северна Кина

Силна песочна бура го зафати главниот град на Кина, Пекинг и другите провинции на северот на земјата, погодувајќи околу 409 милиони луѓе, соопшти кинеското Министерство за шумарство, цитирајќи го „Глобал Тајмс“.

Индексот на квалитетот на воздухот во Пекинг ја премина горната граница и веќе се смета за нездраво.

Невремето ја намали видливоста на неколку десетици метри. Песочната бура дојде од јужна Монголија и, освен Пекинг, ги зафати и другите северни кинески провинции, соопшти Министерството. Зафатена е вкупна површина од 2,29 милиони квадратни километри.

Од метеоролошкиот центар истакнуваат дека северниот дел на Кина веќе се соочи со повеќе песочни бури оваа година од просекот забележан во изминатите десет години.