16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дојава за бомба во училиште во Сараево: во тек е проверка, учениците евакуирани

Во сараевското училиште „Меша Селимовиќ“ утрово повторно има дојава за поставена бомба, учениците се евакуирани, а во тек е увид.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ, за сараевскиот портал „Кликс“ потврдила дека дојавата за поставената бомба била добиена преку електронска пошта нешто пред осум часот.

Веднаш по пријавата, специјалната екипа на КС МУП излегла на терен и во тек е увид. Исто така, информиран е и дежурниот обвинител, а учениците се евакуирани.

Ова, потсетува порталот, е четврти пат во ова основно училиште во последните дваесетина дена да добиваат дојави за подметнати бомби.