14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковидот и натаму сее смрт: Тројца починати и 155 новозаразени за една недела од коронавирус во Македонија

Тестирани се вкупно 1.365 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 15 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.Во текот на минатата недела, пријавена е 51 реинфекција, за 7,3% помалку во однос на претходната недела.

Пријавени се три починати лица со датум на смрт во текот на последната недела (27.03-02.04.2023), од Скопје, на возраст од 66-86 години, со коморбидитети и починати во болнички услови.

Спонзорирано: