Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Северна Кореја: Светот на работ на нуклеарна војна – „Ќе одговориме“

Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите до работ на нуклеарна војна поради нивните заеднички воени вежби.

САД ветија дека ќе одговорат со „офанзивна акција“.

„Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот Полуостров до неповратна катастрофа, на работ на нуклеарна војна“, објави државната новинска агенција КЦНА.

Американските и јужнокорејските сили спроведуваат серија годишни пролетни воени вежби од март, вклучително воздушни и поморски вежби во кои учествуваат американски носач на авиони и бомбардери Б-1Б и Б-52.

Пјонгјанг жестоко реагираше на вежбите, нарекувајќи ги проба за инвазија и ја засили својата воена активност во последните недели, откривајќи нови, помали нуклеарни боеви глави и вети дека ќе произведе повеќе материјал за нуклеарно оружје.

Јужна Кореја исто така тестираше, како што го нарече, подводен напад, беспилотно летало способно да носи нуклеарно оружје.

Минатиот месец, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, нарекувајќи ја како одговор на сојузничките вежби.

Спонзорирано: