16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Тајпеј: Кинески хеликоптер и три воени бродови забележани кај Тајван по средбата Цај-МекКарти во САД

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека еден хеликоптер и три кинески воени бродови биле забележани недалеку од Тајван.

„Еден авион на кинеската армија и три брода на кинеската морнарица беа забележани во 6 часот по локално време“, се вели во соопштението на Министерството.

Изјавата беше објавена по средбата на тајванската претседателка Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти во Лос Анџелес.

Посетата на претседателот на Тајван на САД е историска, но и политички чувствителна во време на зголемени тензии со Кина.

Пекинг најави „решителен“ одговор по средбата на двајцата официјални лица во Калифорнија.

„Кина ќе преземе решителни и ефективни мерки за заштита на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Ксинхуа.

Спонзорирано: