Анонимен маж во САД донираше 30 милиони долари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија, соопшти пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Шариф на Твитер објави дека е Пакистанец.
– Длабоко трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија – напиша Шариф и додаде:
– Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности.