Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

141 сообраќаен прекршок во Скопје: 19 за возење под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 51 санкција за непочитување на брзината на движење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 19 санкции за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Спонзорирано: