18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

ЧУДО – Спасени две жени во Турција по 62 часа под урнатините

Повеќе од 15.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на загинати може да достигне 20.000.

Очајната потрага по преживеани под урнатините продолжува четврти ден. Расте гневот во Турција поради бавниот одговор на владата на земјотресот.

Градовите беа срамнети со земја. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба.

Тој дури вчера пристигна во погодените подрачја и призна дека има „недостатоци“ во реакцијата на неговата земја на разорниот земјотрес.

Фатма Демир и нејзината сестра Мерве беа спасени во Турција откако поминаа 62 часа под урната зграда, соопшти Кабинетот на гувернерот на Газиантеп.

Фатма Демир (25) на спасувачите им кажала дека до неа во моментот на земјотресот била нејзината роднина Хусра.

-Кога се случи земјотресот, бетонската плоча падна врз мене. Паднав на подот – рече Демир и додаде дека неколку пати се обидела да ја допре Хусра, но не можела да ја допре.

Екипите за пребарување и спасување во југоисточниот турски град Газиантеп продолжуваат со потрагата по затрупаните луѓе под урнатините.

Кликнете лајк и заследете го Centar.mk на фејсбук и добивајте најточни, брзи и корисни вести.

Спонзорирано: