18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

САД: Шпионскиот балон е дел од кинеската глобална флота

Американското Министерство за одбрана објави дека вчера биле забележани четири кинески шпионски балони над САД.

Балоните летале над локации кои биле од интерес за Кина, соопшти американското Министерство за одбрана, без да прецизира дали кинеските балони прелетале и над воените бази.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен (Антони) рече дека САД споделиле информации со десетици земји ширум светот за кинескиот шпионски балон соборен над територијалните води на САД во Атлантикот.

САД веруваат дека кинескиот балон бил дел од пошироката флота која опфаќала пет континенти.

– Соединетите Американски Држави не беа единствената цел на оваа поширока програма – рече Блинкен.

Спонзорирано: