18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку двајца загинати во експлозија на гас во Новосибирск

Најмалку две лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија на гас во петкатница во Новосибирск, Русија, изјави за ТАСС здравствен претставник.

Според последните извештаи, две лица загинаа, изјави официјалниот претставник.

Градоначалникот на Новосибирск, Анатолиј Локот, соопшти дека 11 лица се водат како исчезнати, а уште 11 се во болница.

Експлозија на гас во петкатница во Новосибирск се случи утринава, што предизвика делумно уривање на зградата.

По експлозијата следеше пожар на површина од 300 квадратни метри, кој беше изгаснат, јави ТАСС.

Според прелиминарните податоци од итните служби, експлозијата била предизвикана од истекување на гас во еден од становите.

Во експлозијата се уништени околу 30 станови.

Планирано е акцијата за пребарување и спасување да заврши до крајот на денот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Спонзорирано: