17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

По тешки обвинувања: Зеленски најави смени поради поткуп

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање ги најави промените на повисоки и пониски нивоа.

Овој потег следи по сериозните обвинувања за поткуп. Антикорупциската полиција соопшти дека во неделата го уапсила заменик министерот за инфраструктура под сомнение дека во септември минатата година примил поткуп од 400.000 долари за увоз на агрегати.

– Веќе има решенија за смени. Некои ќе се случат денеска, некои утре, кои се однесуваат на функционери на различни нивоа во министерствата и другите владини структури, како и на регионално ниво и во органите на прогонот – рече Зеленски.

Патем, истрагата што ја открија локалните весници го обвини Министерството за одбрана дека преплаќало добавувач на храна за војниците.

Меѓу плановите на украинскиот претседател е и зајакнување на надзорот над патувањата во странство за службени цели.

Како што објавија дел од украинските медиуми, министрите и високите функционери на Украина би можеле веднаш да бидат разрешени.

Овој корупциски скандал на Украина доаѓа во време кога Западот се „крши“ поради пратката на тенкови Леопард 2 од германско производство.

Да потсетиме, Русија ја започна војната во Украина пред точно 11 месеци.