17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Германија: Покренати обвиненија против луѓе кои планирале државен удар

Пет лица, за кои обвинителството тврди дека се поврзани со екстремно десничарската организација Рајхсбургер, се обвинети дека планирале да создадат околности слични на граѓанска војна и за планирање на киднапирањето на германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Сојузното обвинителство на Германија соопшти дека се работи за лица кои планирале да ја соборат владата. Се тврди дека станува збор за лица кои се поврзани со споменатата организација, како и со други, како што се наведува, неонацистички банди.

Тие се обвинети дека планирале напад на електричната инфраструктура за да предизвикаат затемнување низ државата, а потоа и да го киднапираат министерот за здравство, при што ако треба и да ги убијат неговите телохранители.

Според обвинителството, тие сакале да ја соборат актуелната власт и да ја заменат со авторитарна влада по моделот на Германската империја. Исто така, се тврди дека ги подготвувале воените и административните ограноци на групата и дека биле подготвени за реализација на планот што значи загуба на животи. Станува збор за четворица мажи уапсени во април минатата година, додека еден беше уапсен во октомври минатата година и сите се во притвор.

Според Дојче веле (ДВ), Граѓаните на Рајхот веруваат во теории на заговор. Тие сметаат дека Германија се уште е во границите од 1937 година.