Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветТОП ВЕСТИ

Советник на Зеленски се плаши дека Русите ќе ги опкружат

Украина се подготвува за голема руска офанзива за неколку недели додека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да го сврти бранот на војната со разурнувачки напад од три страни.

Советник на Володимир Зеленски открива дека Киев очекува напад од север во Белорусија, од руските упоришта Доњецк и Луганск на исток и од полуостровот Крим на југ, пишува DailyMail.

Доколку биде успешен, московските трупи ќе ги опколат одбранбените сили и ќе ја истераат Украина по серијата напредувања во последните месеци.

– Русите не опкружуваат во опсег од 240 степени, напаѓаат од Црното Море, од Белорусија и од регионот Луганск и Доњецк – изјави Рустем Умеров, член на преговарачкиот тим на Зеленски.

Борбите веќе се интензивирани во Запорожје, кој стагнира со месеци.

Официјалните лица очекуваат напад од Харков кога Путин ќе нареди симултана офанзива.

– Во правец на Запорожје, со брзо темпо се зголеми интензитетот на воените активности – изјави функционерот Владимир Рогов, на социјалната платформа Телеграм.

И Рогов и руската војска рекоа дека московските сили го зазеле селото Лобково, околу 30 километри јужно од регионалната престолнина контролирана од Украина, наречена и Запорожје.

– Лобково е наше – рече Рогов.

Тој додаде дека руските сили ги гаѓале украинските позиции со тенкови, минофрлачи и артилерија во десетина села во регионот.

Украинската армија во петокот објави дека биле нападнати „повеќе од 20 населени места“.

Русија ја оствари својата прва голема територијална придобивка по неколку месеци минатата недела, кога го зазеде градот Соледар, кој Кремљ го прогласи за клучно заземање, на што Украинците негираа.

Преземањето на контролата врз градот им овозможува на силите на Путин да ги прекинат линиите за снабдување на украинските сили во Бахмут, рече Москва, а новите освојувања, исто така, ќе и помогнат на Русија повторно да го „преземе кормилото“.