Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа за пронајдените документи кај Бајден: Ќе одговориме

Белата куќа денеска објави дека ќе одговори со „добра волја“ за несоодветното чување на доверливи документи во домот на претседателот Џозеф Бајден.

Барањето за одговор беше побарано од Надзорната комисија на Претставничкиот дом на Конгресот.

Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, им изјави на новинарите дека Белата куќа примила неколку писма од Надзорната комисија на Претставничкиот дом за ова прашање, ги разгледува и ќе донесе одлука за нејзиниот одговор во догледно време.

Советник на претседателот во саботата (14 јануари) изјави дека пет дополнителни доверливи страници биле откриени во домот на претседателот во Вилмингтон, Делавер, и рече дека тие веднаш биле предадени на претставници на Министерството за правда.

Соработниците претходно пронајдоа уште една ризница доверливи документи во неговата резиденција и канцеларијата што ја користеше од времето кога беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Министерството за правда конкретно го истражува начинот на кој поранешниот претседател Доналд Трамп постапувал со многу чувствителни доверливи документи што ги чувал во неговата викендичка во Флорида откако ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година.