11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателот на Полска најави зголемување на воените трошоци на 4 отсто, над стандардот на НАТО

Полска планира да ги зголеми трошоците за војската на четири отсто од бруто домашниот производ оваа година, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда.

Властите планираа буџетот за одбрана на Полска да достигне 2,4 отсто од БДП во 2022 година, над целта од два отсто поставена од НАТО. За оваа година Полска планираше да го зголеми буџетот за армијата на три отсто од БДП, односно 28 милијарди долари.

– Ние не само што ги исполнуваме нашите обврски, туку правиме и повеќе. Веројатно ќе потрошиме четири отсто од нашиот БДП за одбрана – изјави Дуда на новинарите на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Дуда додаде дека Полска веќе купува тенкови во САД и Јужна Кореја, како и нови авиони и ракетни фрлачи и оти наскоро очекува испорака на првите фрлачи и ракети од системот ХИМАРС. Полските власти во декември објавија дека мора да потрошат околу еден процент од БДП за набавка на оружје за Украина.

Спонзорирано: