19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Во Кина лани се намали бројот на жители, првпат по 60 години

Населението на Кина, најнаселената земја во светот, се намали во 2022 година првпат од почетокот на 60-тите години од минатиот век, соопшти Кинеското биро за статистика.

Минатата година регистрирани се 9,56 милиони родени, а умрени се 10,41 милиони, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.

Населението во Кина е намалено за речиси 850.000 луѓе.

Тој пад ќе трае неколку децении, сметаат демографите, што ќе има значителни последици за економијата, општеството и пензискиот систем.