15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Родители скокнале во морето за да го спасат синот и двајцата се удавиле

Родителите Фелисберто и Иналда Сампајо заедно скокнале во морето за да го спасат својот син од дивите бранови откако го забележале како се дави и се бори за воздух на плажа во Бразил. Оваа голема трагедија се случила на 10 јануари годинава.

Рибар кој случајно се нашол таму, заедно со уште еден нивен роднина, успеал да го спаси тинејџерот, но неговите родители, за жал, во храбар чин го загубиле животот. Брзата помош и полицијата ги извлекле давениците од водата до брегот. Иако се обиделе да ги спасат, сепак само прогласиле смрт.

Момчето веднаш по извлекувањето од водата ги добило потребните лекови и сега е во болница каде закрепнува.

За жал, ова не е прв случај, во 2019 година четиригодишно момче и неговиот татко, двајцата Французи, се удавија додека беа на одмор во Шпанија. Луѓето кои се сончале на плажата биле сведоци на ужасната сцена – спасувачите скокнале во водата за да го спасат детето, чие тело веќе лебдело.

Бил без свест и веднаш почнале да го оживуваат на плажата, но безуспешно.

Мајката на момчето подоцна открила дека нејзиниот сопруг (29) исчезнал во водата, по што полицијата со хеликоптер почнала да трага по него, но безуспешно.

Спонзорирано: