16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателката на Перу: Поради протестите, можно е воведување вонредна состојба

Новата претседателка на Перу, Дина Болуарте денеска најави дека може да биде прогласена вонредна состојба на целата територија на земјата поради протестите што ја зафатија земјата по смената на претседателот Педро Кастиљо.

Како што најави таа, ќе биде организиран состанок на највисоко ниво со цел да се „процени можноста за прогласување вонредна состојба во целата земја“ и додаде дека се надева дека тоа нема да се случи, пренесува ТАСС.

Поранешниот претседател Педро Кастиљо претходно ги повика полицијата и армијата да престанат со насилното задушување на демонстрантите и ја обвини Дина Болуарте за смртта на демонстрантите.