3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА СЗО: Рекорден број деца не примиле вакцина против морбили

Имунизацијата против сипаници значително се намали од почетокот на пандемијата на корона вирусот, а околу 40 милиони деца ја пропуштија вакцината минатата година, според Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).

СЗО и ЦДЦ наведуваат дека милиони деца сега се подложни на оваа болест, која е меѓу најзаразните во светот.

Официјалните лица најавија дека во 2021 година ќе има околу девет милиони инфекции и 128.000 смртни случаи од оваа болест ширум светот.

Во соопштението се посочува на континуиран пад на бројот на вакцинирани лица, лошо следење на оваа болест и доцнење на плановите за нејзино сузбивање поради Ковид-19.

Епидемии на овој вирус се забележани во повеќе од 20 земји, што значи дека „сипаниците се непосредна закана во сите региони во светот“.

Научниците проценуваат дека најмалку 95 отсто од населението треба да се имунизира за да се спречат епидемии.

СЗО и ЦДЦ објавија дека само околу 81 отсто од децата ја примиле првата доза вакцина против сипаници, а 71 отсто втората доза. Ова е најниската стапка на имунизација против оваа болест од 2008 година.

Спонзорирано: