14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Сергеј Лавров рече: Русија е подготвена да разговара со Западот за Украина

Русија се уште е подготвена да преговара со западните партнери за Украина, изјави во неделата министерот за надворешни работи на земјата Сергеј Лавров.

„Руското раководство, вклучително и претседателот Владимир Путин, останува подготвено за преговори за Украина“, рече Лавров во интервју за локална телевизија.

Тој додаде дека Москва „секогаш ќе биде подготвена да слуша какви предлози имаат западните партнери за намалување на тензиите“.

„Подготвеноста на Русија, вклучително и нејзиниот претседател, за преговори (за Украина) останува непроменета“, рече Лавров.

Тој посочи дека разговорите ќе бидат можни доколку на Москва и се пристапи, како што рече, со реални предлози засновани на принципите на еднаквост и почитување на меѓусебните интереси и насочени кон изнаоѓање компромис и балансирање на интересите на сите земји.

Според податоците обезбедени од агенцијата за човекови права на ОН, од почетокот на војната во Украина загинале 6.374 цивили, а најмалку 9.776 се повредени. Агенцијата забележува дека вистинските бројки се веројатно многу повисоки.

Спонзорирано: