13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Се запали мотор во авион во Индија: „Завладеа паника, патниците се молеа“

Моторот на „ИндиГо Ербас А320“ се запали за време на полетувањето од меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во Делхи. Моторот се запалил во саботата вечерта, неколку секунди пред полетувањето за Бангалор.

Полетувањето било прекинато и никој од 184-те членови на екипажот и патниците во авионот не бил повреден. Инцидентот го снимил еден од патниците во авионот.

Пожарот бил изгаснат за неколку моменти, најверојатно со помош на противпожарни апарати во моторите.

„Неколку секунди пред летот видов огромни искри кои излегуваат од крилата на авионот, кои се претворија во голем пожар. Авионот веднаш беше запрен, а пилотот не извести дека има дефект на моторот. Пожарот избувна брзо згасна. Завладеа паника, екипажот таа не тешеше. Во авионот имаше многу постари луѓе, многу деца. Луѓето почнаа да се молат, некои ги откопчаа појасите и се обидоа да станат“, изјави за НДТВ патник од авионот. , додавајќи дека патниците по пожарот останале во авионот уште 90 минути.

Полицијата во Делхи соопшти дека сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани од авионот. Немаше директни информации зошто луѓето останале во авионот речиси 90 минути по инцидентот.

„Авионот со лет 6E2131 од Делхи до Бангалор доживеа технички проблем за време на полетувањето, по што пилотот веднаш го прекина полетувањето“, објави IndiGo.

Спонзорирано: