11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Ќе има добри вести од фронтот

Украинските трупи се држат против континуираните напади на руските сили во два источни града, додека армијата на јужниот фронт е подготвена да се бори за стратегискиот регион Херсон, кој Русија го зајакнува.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека ќе има добри вести од фронтот, но не даде повеќе детали, додаде британската новинска агенција.

Зеленски не кажа што се случува во Херсон на југ, каде официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека ќе се случи една од најважните битки.

Најжестоките борби во источна Украина се водат во Адивика, пред Доњецк и во близина на Бахмут, додаде Зеленски.

„ Тука најдобро се гледа лудилото на руската воена команда. Ден за ден, месец по месец, тераат луѓе да гинат таму, извршувајќи ги најголемите артилериски напади – рече Зеленски.

Спонзорирано: