12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД воведоа санкции кон Молдавија поради ширењето на руското влијание

Соединетите Американски Држави денеска воведоа санкции за поединци и субјекти поврзани со руското влијание во Молдавија, како и со системската корупција во таа земја.

Санкционираните лица вклучуваат руски олигарси, кои се „широко признати како поединци што ги заробиле и корумпирале молдавските политички и економски институции и дејствуваат како инструменти на кампањата за глобално влијание на Русија“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Меѓу санкционираните лица е и поранешниот молдавски пратеник Владимир Плахотниук, кој, според Министерството, манипулирал со „клучните сектори на молдавската влада, вклучително и полицијата, изборниот и судскиот сектор“.

Спонзорирано: