29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Нова закана за “одмазда” од Москва до ЕУ

Денеска Москва се закани со „одмазда“ на Европската унија во случај на конфискација на имотот на руската држава или граѓани.

Реакцијата на Москва уследи по сугестиите на лидерите на ЕУ дека руските средства може да бидат запленети откако веќе беа воведени низа санкции во обид да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина.

На прашањето за ваквите предлози од ЕУ, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека тоа би било „едноставно кражба“.

„Правниот систем на ЕУ одбива да ги заштити имотите на Русите“, рече таа, сугерирајќи дека таквиот потег ќе биде проследен со „одмазда“ од Русија.