Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски разговараше со шефот на Пентагон по одлуката на Вашингтон што ја налути Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека имал многу добар разговор за одбранбените потреби на Киев со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Зеленски се состана со Остин на маргините на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур, голем безбедносен форум на кој присуствуваа претставници на одбраната од целиот свет.

„Разговаравме за она што е клучно: одбранбените потреби на нашата земја, зајакнувањето на украинската воздушна одбрана, коалицијата Ф-16 и подготовката на билатерален безбедносен договор“, порача Зеленски.

Состанокот уследи по одлуката на Вашингтон делумно да ги укине ограничувањата на Киев за употреба на оружјето обезбедено од САД за напади на руска територија, што Зеленски го поздрави како чекор напред, пишува „Киев пост“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хаос на уште еден луксузен крузер: повеќе од 100 патници и членови на екипажот заразени со норовирус

C +

Германските аеродроми предупредуваат: Можни масовни откажувања на летови и поскапи билети

C +

Бродот со хантавирус утре треба да пристигне на шпанскиот остров Тенерифе

C +