Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Дојавите за бомби се монструозен чин, веројатно се дел од хибридните напади

Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, лажните дојави за бомби се во најмала рака монструозен чин. Тој вели дека овој чин веројатно е дел од хибридните напади на кои сме изложени како држава.

-Ќе се анализира дали причините се политички, геостратешки или пак бизнис интереси. Протоколите налагаат вакво постапување, мора да се направи контрола, исто како и за дојавите во автобусите на ЈСП, кои го блокираа јавниот превоз во градот, рече Спасовски во гостувањето во „Вин-вин“.

Спасовски додаде дека во оваа фаза МВР ги знае мејловите и знае од каде се пратени.

-Затоа напорно работиме заедно со нашите партнерски служби, за да дојдеме до сторителот на едно вакво дело. Претпоставките се во неколку правци, но сите капацитети на располагање во државата се ставени во функција, како и капацитетите на партнерите. Ние имаме атак како што имаше и во окружувањето. Вонемиреноста и неспокојот на децата и родителите, но и наставниот кадар се недозволиви, истакна министерот за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК