18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Британската премиерка поднесе оставка

Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка.

Таа ја објави својата одлука пред својата канцеларија на Даунинг стрит 10.

Трас ја почна својата изјава велејќи дека ја презела функцијата „во време на голема економска и меѓународна нестабилност“.

Велика Британија е „задржана од нискиот економски раст предолго“, рече таа, а партијата ја избра со надеж дека ќе донесе промени.

„Признавам дека со оглед на ситуацијата не можам да го завршам мандатот за кој ме избра Конзервативната партија“, рече сега веќе поранешната премиерка и најави нови партиски избори.

Трас изјави дека изборите за лидер на Конзервативната партија ќе се одржат следната недела и дека таа ќе остане премиер додека не се избере наследник и дека својата одлука претходно му ја соопштила на кралот Чарлс Трети.

Трас и официјално е британски премиер со најкраток мандат, кој траеше само 45 дена.

Спонзорирано: