26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Уште колку Данели се кријат низ општините раководени од ВМРО медарска

Уште колку Данели се кријат низ општините раководени од #ВМРОмедарска?, прашува Марјан Забрчанец, коментираќи го соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое тие бараат оставка од нивната градоначалничка, нарекувајќи ја најнеспособен градоначалник во историјата.

„Нивната победа на локалните избори за само една година донесе голем пораз за граѓаните, за општините и за јавното добро.

Мицкоски убеди мнозинство од граѓаните на Скопје да гласаат за најнеспособниот градоначалник во историјата. Каква е таа победа? Не е пирова, туку е антидржавна, победа врз народот. Народот изгуби, за тие да брцаат во мед.

Што и да каже натаму овој политичар треба сите да сме подготвени дека ќе го направи токму спротивното. Политичарите како Мицкоски и Арсовска се опасни за Градот, за државата, за народот“, истакнува Забрчанец во објавата.