14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Имаме понуда да дозволиме Косово да влезе во ОН за да добиеме брз влез во ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес конференција зборувајќи за Косово, рече дека главна карактеристика на сите политички настани е влијанието на геополитичката ситуација врз ситуацијата на Косово и Метохија и позицијата на Србија во однос на Косово.

– Нашата позиција станува се покомплицирана. Прогнозиравме дека пред речиси 8 месеци западните земји ќе се обидат, како што мислат, да го решат проблемот на Косово на тој начин што ќе влезе во ОН, и второ, да го одземат аргументот Косово на Путин и Русија, рече Вучиќ.

Како што вели, се менува архитектурата на разговорот, додава дека суштински се менува речиси се, бидејќи денеска на маса има предлог од Германија и Франција за кој треба да се размисли.

– Нашиот став е дека не можете да фрлите од прозорец предлог што доаѓа од две моќни земји, бидејќи е неодговорно. Исто така, не сум ни сигурен дека можеме да го прифатиме – изјави Вучиќ.

Претседателот рече дека најголемата грешка е тоа што прифатиле ЕУ да управува со процесот за решавање на статусот на Косово и Метохија.

– Што се однесува до самиот предлог, не можам да навлегувам во детали, бидејќи не е јавен. Суштината е дека Србија му дозволува на Косово да влезе во сите меѓународни институции и организации, вклучително и во ОН. За возврат, би добиле брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки. Нашиот став е дека за Србија и поради Уставот, неприфатливо Косово да биде членка на ЕУ, рече Вучиќ.

Како што вели, на второ ниво, проблемите на Косово се такви што речиси секојдневно има провокации од Албанците преку манифестација на нивните различни полициски единици, кои вршат, како што вели, психолошки притисок врз нашиот народ.

– Од друга страна, имаме се документирано. Американците го зголемуваат своето воено присуство на Косово. Она што е интересно е што велат дека доаѓаат да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет на Косово. Ова е јасен сигнал за нас и за Србите на Косово и Метохија, дека не сонуваат и фантазираат за почитување на одлуките донесени во меѓународното право, туку само за почитување на политиката на сила, која сè уште се спроведува над нас до ден-денес. – рече Вучиќ.

Како што вели, ја разбравме пораката, како и дека меѓународното право одамна е згазено и уништено, и дека, како што додава, има само право на сила и право на посилниот.