25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТТОП ВЕСТИ

Лавров: САД сакаат сите да живеат според нивните правила

САД се тие кои го кршат меѓународното право обидувајќи се да ги натераат сите да живеат според правилата што ги измислиле, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.

„Главниот проблем е што Американците всушност го погазија меѓународното право и непишаните табуа во дипломатската пракса кои постојат со децении“, рече рускиот министер во интервју за рускиот весник „Аргументи и факти“.

Сергеј Лавров нагласи дека „наспроти геополитичката реалност, САД се обидуваат да го потчинат остатокот од светската заедница, да ги принудат сите да живеат според „правилата“ што самите ги измислиле.