7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
СВЕТ

Медведев: На Маск да му се додели нов офицерски чин

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев се огласи на „Телеграм“ каде на шега го коментираше ставот на американскиот мултимилијардер Илон Маск за решавање на конфликтот во Украина, пренесуваат медиумите во регионот.

Во својата објава Медведев на шега предлага на Маск да му се даде „нов офицерски чин“ и вели дека „срамота е што агентот во сенка се разоткри“.

„Секоја чест за Маск! Тој заслужува нов офицерски чин и вонреден. Штета е што агентот во сенка се разоткри. Неговиот следен твит веројатно ќе биде нешто за Украина како вештачки создадена земја“, напиша Медведев во објава со шеговит емотикон.

Основачот на компанијата „Spacex“ и ко-основачот на компанијата Tesla, американскиот мултимилијардер Илон Маск, на Твитер претставил предлог како да се запре војната во Украина.

Маск наведе четири точки на „украинско-рускиот мир“ и ги покани корисниците да го кажат својот став за нацртот.

Тој изјави дека е неопходно да се повторат изборите во регионите кои гласале за приклучување кон Русија, под надзор на Обединетите нации, па ако народот изрази волја Русија да си замине, нека биде така.

Крим, како што напиша, формално останува дел од Русија, како што беше од 1783 година, односно до грешката на Никита Хрушчов.

Маск ги покани корисниците на Твитер да гласаат за овој предлог.

Можеби ќе ве интересира

Медведев се закани со нуклеарно оружје: Ова секако не е блеф

M T

Шефот на украинската безбедност со порака до Медведев „Да најде бункер во кој ќе се скрие“

M T

Медведев се заканува: Ова е само загревање

M T

Медведев: „Лиз Трас е неспособен русофоб, нема идеи, ќе заврши како и нејзиниот претходник“

M T

Медведев: Русија ќе ги постигне сите цели, мир по наши услови

M T

Медведев: Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив

M T