3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
СВЕТ

Медведев: „Лиз Трас е неспособен русофоб, нема идеи, ќе заврши како и нејзиниот претходник“

Поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, уште еднаш ја скандализира западната јавност и политичарите со навредливи пораки против британските политичари, пишуваат светските агенции.

Медведев, според написите, го нарече Борис Џонсон вујко на изродот, а Лиз Трас тетка на изродот.

Неговиот текст кој е објавен на Телеграм има два чина, првиот е насловен: „Промена на власт во Британија, тетинот изрод го нема, тетката изрод е тука“.

За Лиз Трас, тој ги направи следните забелешки, истакнуваат медиумите.

„Новиот премиер: а) неспособен и просечен термонуклеарен русофоб кој нема елементарни идеи за политика, историја, географија, но сака да ја победи Русија во сè; б) под Маргарет Тачер, не поседувајќи ги нејзините способности ниту за 5 проценти; в) очекува да ја надмине енергетската криза и инфлацијата на храната, кои станаа резултат на сопствените налудничави санкции. Ќе се скара со сите, се ќе пропадне и срамно ќе замине, како и нејзиниот претходник, бушавата Бориска. Па, во Британија, позната по своите традиции, се чини дека има уште една.

Втор чин. Човек со тажно лице по име Борел рече дека Русија е фашистичка држава.

Не би се навраќал на оваа одвратна изјава но морам да нагласам дека таквите работи никогаш никој не смее да ги заборави. Овој службеник треба трајно да биде наведен како суштество кое не е подобно за помилување“, напишал Медведев, според медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Медведев: На Маск да му се додели нов офицерски чин

M T

Медведев се закани со нуклеарно оружје: Ова секако не е блеф

M T

Шефот на украинската безбедност со порака до Медведев „Да најде бункер во кој ќе се скрие“

M T

Медведев се заканува: Ова е само загревање

M T

Трас: Ако станам премиерка на Британија ќе сторам се Путин да претрпи стратешки пораз

M T

Медведев: Русија ќе ги постигне сите цели, мир по наши услови

M T