22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Суспендирани двајца пилоти по тепачка во пилотската кабина

Двајца пилоти на Ер Франс се суспендирани по тепачка во пилотската кабина на летот Женева-Париз во јуни, изјави во неделата официјален претставник на Ер Франс.

Летот продолжи и авионот безбедно слета, а кавгата не влијаеше на остатокот од летот, додаде службеникот, нагласувајќи дека авиокомпанијата е посветена на безбедноста.

Пилотот и копилотот се скарале веднаш по полетувањето, фаќајќи се за јаката откако едниот очигледно удрил во другиот.

Екипажот интервенирал и еден од членовите го поминал остатокот од летот во пилотската кабина со пилотите.

Веста за летот дојде откако француската агенција за истрага на воздухопловни несреќи (БЕА) издаде соопштение во средата, во кое се вели дека некои пилоти на Ер Франс немаат дисциплина кога станува збор за следење процедури за време на безбедносни инциденти.

Извештајот го истакна случајот кога авионот на Ер Франс од Бразавил, Република Конго, до Париз останал без гориво во декември 2020 година, а пилотите ја смениле рутата на авионот, но не го исклучиле моторот и слетале што е можно поскоро.

Авионот безбедно слетал во Чад, но во извештајот на БЕА се вели дека моторот можел да се запали.

Ер Франс соопшти дека истражува.

Синдикатите на пилотите на Ер Франс истакнаа дека безбедноста е приоритет за сите пилоти и ги бранеа постапките на пилотите во итни ситуации

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Tепачка во затвор на Филипини, има починати, десетици повредени

M T

Тепачка на пензионери во Сплит поради оштетен автомобил

M T

Шестмина убиени во тепачка во мексикански затвор, користеле рачно направено оружје

M T

Тепачка во угостителски објект во Радовиш

CENTAR MKD

Инцидент во Битола

CENTAR MKD