13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Јавни набавки, 1.400 евра месечно троши градоначалникот на Гевгелија за угостителски услуги во време на криза

Според анализа на јавните податоци од страната за отворени финансии и пресметаниот износ од потрошените пари градоначалникот на општина Гевгелија во рок од 6 месеци потрошил 8.200 илјади евра, пари на граѓаните од општина Гевгелија, за угостителски услуги.

Еве ги информациите објавени на електронскиот систем за јавни набавки:
За период 01.01.2022 до 31.03.2022 И За период 01.04.2022 до 30.06.2022

Лесно се собираат сумите, се доѓа до просек, градоначалникот Андон Сарамандов да троши по 1400 евра месечно за седенки во кафани од Гевгелија и регионот, кои ги плаѓаат граѓаните.

Дали во услови на глобална криза е нормално оваа сума на народни пари, пари на граѓаните на Гевгелија да се трошат за ресторани, хотели, кафеани?

На менито на Сарамандов се наоѓаат калорични видови храна, специјалитети од различни куњи и скап алкохол.

Во текот на наредниот период ќе продолжиме да истражуваме на темава која е од интерес на граѓаните на општина Гевгелија, а ќе провериме и како се однесуваат останатите функционери во другите општини.

Спонзорирано: