17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен е возачот на автобусот кој се преврте кај Лесковац

Уапсен е возачот на автобусот кој вчера рано утрината се преврте на автопатот Ниш – Лесковац, при што една жена го загуби животот, а 33 патници беа повредени.

Како што потврдија од Полициското одделение Лесковац, по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град му е одредена мерка притвор до 48 часа за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинител.

До несреќата дошло кога автобусот со сомборски регистерски таблички, кој превезувал патници од летување во Грција, од засега непознати причини излегол од коловозот, неколку стотини метри се движел по тревната површина, а потоа се превртел на страна.

Водач на патот, туристички водич Н.Н., починала на лице место, а повредените патници во зависност од тежината на повредите се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш и Општата болница во Лесковац.

Меѓу патниците имало и деца, но никој од нив не е тешко повреден.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Казнет возачот кој со возило се движел по Камени мост

M T

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка со патничко возило

M T

Едно лице загина, а четири се повредени во тешка сообраќајка во скопско

M T

Тешко повреден возач на автобус по сообраќајка во скопско

M T

Пронајдени 100.000 швајцарски франци во автобус на Деве Баир, возачот ги криел во џеб

M T

За четири часа возење, направи 42 прекршоци и предизвика несреќа

M T