Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Едно лице загина, а четири се повредени во тешка сообраќајка во скопско

На 06.10.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атар на с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од с.Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С.(62) од с.Арачиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М.(24) од с.Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК