12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кока-Кола доживеа финансиски удар од 195 милиони долари

Светски познатата компанија Кока Кола изјавила дека забележале финансиски удар од 195 милиони долари, поради состојбата на рускиот пазар и повлекувањата.

Филијалата на Кока-кола, очекува оперативната добивка на компанијата за оваа година да биде меѓу 740 и 820 милиони евра.

Таа сума е значително помала од 2021 година кога е пријавена добивка од 831 милион евра.

– Профитот е оштетен поради помалото присуство во Русија и проблемите со инфлацијата – наведуваат од компанијата.

ХБЦ претставува една од многуте фабрики за флаширање на Кока-Кола низ светот и поседува бројни локални франшизи за флаширање и продажба на пијалокот.

Овој производител на безалкохолни пијалоци, кој своевремено Русија ја сметаше за еден од најголемите пазари, претходно најави дека во втората половина од годинава очекува да направи финансиски трошоци во износ од 82 милиони евра.

Тие исто така нагласуваат дека компанијата ги потрошила сите свои залихи и повеќе нема да произведува или продава производи во Русија.

Освен состојбата на рускиот пазар, компанијата, која котира и на лондонската берза, забележа пад на нето добивката во износ од 153 милиони евра за шест месеци заклучно со 1 јули, а како најголема е наведена инфлацијата причина за ваквата економска состојба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Го прекинуваат бизнисот: Русите нема да имаат ниту Кока Кола

M T