22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Не ги цензурирам авторите, реакциите стигнаа по слободните толкувања на опозицијата

„Јас како министерка и како дел од партијата СДСМ, најодговорно тврдам дека се залагаме за слобода на секое поле, не само во уметноста. Слободата на говор и слобдата на творење не може да се ограничат и врз нив оваа држава, која ги започна преговорите со ЕУ, треба да се темели“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Таа додаде дека реакциите во јавноста стигнале откако ВМРО-ДПМНЕ и Левица со нивните соопштенија, слободно и меѓуредови, како што и самите признаа, ги толкувале нејзините изјави.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалиционен партнер Левица, толкуваат меѓу редови, како што и самите признаа, дека министерката ќе правела цензура, се случуваат вакви појави на кои бевме сведоци. Со самата изјава, јас точно кажав дека треба сите уметници слободно да творат“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Минстерката кажа дека нејзиниот човечки апел за погледнување на позитивните епизоди од нашето минато, бил преувеличен од политички неинформирани кругови и пропагадни канали.