13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Клубовите со имиња на нацистички соработници се провокација, но токму ВМРО-ДПМНЕ го величаше Ванчо Михајлов

„Го осудувам трендот на регистрација на клубови со имиња на историски фигури кои биле дел од оската на Хитлер, како тоа на Ванчо Михајлов. Сметам дека тоа е провокација“ изјави министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Таа, сепак, потенцираше дека токму ВМРО-ДПМНЕ е таа која што го промовираше Ванчо Михалов во земјава и го овековечи, правејќи му восочна фигура.

„За прашањето дали некој ја направил Македонија рај за фашисти, добро е да се знае дека на својот прв конгрес по осамостојувањето на земјава, самите ВМРО-ДПМНЕ донесоа декларација дека ќе се придржуваат на начелата на она ВМРО, чив последен претседател беше токму Иван Михајлов“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура во емисијата кажа дека провокации во ова деликатно време не се потребни, ниту добредојдени ни за Бугарија ни за Северна Македонија.