22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Со вметувањето на Бугарите во Уставот се прави дистинкција меѓу нашите култура, јазик и идентитет

„Нема ниту еден слободоумен граѓанин кој е против внесувањето на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите помали групи во Уставот бидејќи со тоа се прави дистинкција помеѓу македонската култура, јазик и идентитет и културата, јазикот и идентитетот на другите групи на граѓани кои живеат во земјава“ изјави министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Запрашана за уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Уставот, министерката рече дека се уште е рано да се коментира за тоа дали ќе има мнозинство во Собранието, но додаде дека дококу се случи тоа ќе паднат во вода обвинувањата за бугаризација.

„Со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе паднат во вода политичките тези на опозицијата дека одиме кон бугаризација. Тука е и нивниот проблем, бидејќи тоа ќе значи дека имаме македонски народ и посебно Бугари кои ќе бидат дел од Уставот“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека Бугарија нема никакви нови барања кон земјава на патот кон ЕУ и потенцираше дека ние сме земја која ги почнува преговорите со признаен јазик, македонска култура и македонски идентитет, нешто што не е оспорено од ниту една друга земја членка.