3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Латвија ја повикува ЕУ: Укинете ги туристичките визи за Русите

Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, ја повика ЕУ да ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот.

На Твитер, Ринкевичс го осуди, како што рече: „бруталното убиство на украинските воени затвореници извршено од вооружените сили на Русија во Оленивка“, за кое Украина и Русија си ја префрлаат вината.

Тој ја повика и Европската унија да ги укине туристичките визи за Русите.

„ЕУ мора да го разгледа предлогот Русија да ја прогласи за држава која го спонзорира тероризмот. Го повторувам предлогот за воведување забрана за туристички визи на ЕУ за руските граѓани“, напиша тој.

Спонзорирано: