21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Недостигот на храна предизвикува проблеми во Америка: „Ова не се случило 30 години“

Пандемијата на коронавирусот предизвика проблеми со набавката и испораката на одредена храна во светот, а со овој проблем се бори и најголемиот град во САД, Њујорк.

Според Њујорк Тајмс, сопствениците на пекари се соочуваат со недостиг на крем сирење, катастрофа што може да го промени начинот на кој десетици илјади њујорчани го започнуваат својот ден.

„Ова е лошо, многу лошо“, рече Педро Агилар, менаџерот на Пик-Багел.

Од петокот попладне, Пик-а-Багел предвиде дека неговото снабдување со крем сирење ќе трае само до понеделник.

Недостигот од крем сирење ги доведе во опасност омилените колачи на многу луѓе, лебот во облик на прстен, кој е синоним за Њујорк, таканаречениот багел.

„Не сум останал без крем сирење 30 години, не ми се гледа крајот“, изјави за Тајмс Џозеф Јема, сопственик на F&H Dairies, која дистрибуира производи во многу њујоршки слаткарници.

Некои пекари во Њујорк, исто така, пријавија проблеми со наоѓање месо за сендвичи, вклучително и шунка.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Ставете ги слушалките и опуштете се: Омилената музика штити од стрес и „нездрава“ храна

M T

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Шефот на ОН за храна: Она што беше бран на глад сега е цунами од глад

M T

Болката е НЕИЗДРЖЛИВА, а вие не сакате да пиете ЛЕКОВИ? – Оваа ХРАНА функционира подобро од СЕКОЈА таблета

M T