8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови дојави за бомби во училиштата низ Белград, но и во градинките

Нови дојави за бомби почнаа да пристигнуваат во раните утрински часови, а мета биле неколку основни и средни училишта, како и една градинка, пишуваат српските медиуми.

Неколку училишта во Белград добиле пријави за бомби, за агенцијата Бета утринава изјавиле од српското министерство за внатрешни работи, а како што неофицијално дознава „Данас“ станува збор за основното училиште „Бранко Чопиќ“ Видиковац, основното училиште“ Илија Гарашанин” во Грочка, ОУ “Крал Петар Втори” во Врачар, ОУ “Соња Маринковиќ” во Земун, ОУ “Ѓуро Стругар”, ОУ “Марија Бурсаќ”, Осма гимназија, Десетта гимназија, , Петнаесетта гимназија, петто економско училиште, тринаесетта гимназија, математичката гимназија, машинското училиште „Радоје Дакиќ“ и основното училиште „14 Октомври“, сите во Раковица, но и градинката „Фица“ во Врачар.

Според медиумите, информации стигнале и од основното училиште „Јован Поповиќ“ во Карабурма и „Владимир Роловиќ“ на Петлово Брдо, ОУ „Стеван Синѓелиќ“ во Звездара, ОУ „Дринка Павловиќ“ и основното училиште „Драган Лукиќ“.

Од раните утрински часови на социјалните мрежи се појавила информација дека пријава за бомба добиле и многу други училишта низ Белград.

Пријавите, како што пренесуваат медиумите, биле испратени по електронска пошта, а полицијата излегла на терен.

Пријава за експлозивни направи добило основното училиште „Бранко Чопиќ“ Видиковац, а директорката на тоа училиште и најавила дека нема да има настава во утринската смена, дознава „Данас“.

Во претходниот период до бројни училишта, како и други институции во Белград и други места во Србија, пристигнаа вакви пријави, кои, како што се покажа по полицискиот увид во објектите, биле лажни, пренесуваат медиумите во соседството.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

Шаќири: МОН годинава ќе реконструира четири училишта во Гостивар

M T

Дојави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија, наставата ќе се одржува онлајн

M T

Дојави за бомби во 97 белградски училишта, специјалци вршат увид во просториите

M T

Вучиќ: Украина и земја на ЕУ шират лажни дојави за бомби во српските авиони

M T

Рускиот амбасадор во Букурешт: Амбасадата доби закани за бомби, атмосферата е тензична

M T