16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

САД: Нашиот одговор ќе биде силен ако Пјонгјанг изврши нуклеарна проба

Заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман, денеска предупреди дека ќе следи силен одговор од Вашингтон доколку Северна Кореја ја изврши првата нуклеарна проба по речиси пет години.

„ Секое нуклеарно тестирање би било целосно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Ќе следи брз и силен одговор на таков тест“, рече Шерман во Сеул, по состанокот со заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјунг-донг, пренесува АП.

Американскиот функционер, кој е во Сеул на разговори со јужнокорејски и јапонски претставници, исто така рече дека „продолжуваат повиците Пјонгјанг да престане со своите дестабилизирачки и провокативни активности и да го избере патот на дипломатијата“.

Шерман и Чо планираат трилатерална средба со јапонскиот заменик министер за надворешни работи Мори Таке во среда за севернокорејското нуклеарно прашање, а нејзиното патување во Азија дојде откако Северна Кореја истрела осум балистички ракети со краток дострел во морето од нејзиниот источен брег во неделата.

Јужнокорејските и американските сили вчера истрелаа осум проектили земја-земја во период од 10 минути, како одговор на осумте проектили лансирани од Пјонгјанг.

Официјални претставници на САД и Јужна Кореја претходно изјавија дека Северна Кореја е на работ да изврши уште еден тест на нејзиниот полигон за нуклеарни тестирања во североисточниот град Пунгери, што последен пат беше направено во септември 2017 година, кога Пјонгјанг тврдеше дека детонираната термонуклеарна бомба била наменета за интерконтинентални балистички проектили.

Администрацијата на Бајден вети дека ќе изврши притисок за дополнителни меѓународни санкции доколку Северна Кореја продолжи со нуклеарни тестови, но изгледите за нови санкции се неизвесни бидејќи Советот за безбедност на Обединетите нации е поделен околу војната на Русија против Украина.

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата предложена од САД.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Британската премиерка со одговор на критиките: „Жал ми е за грешките, но останувам“

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T